Во организација на Џудо федерацијата на Македонија во саботата во Хотелот „Солферино“’ Струга се одржа семинар за судии и тренери што беше реализиран во техничка организација на струшкиот џудо клуб „Дрим“.
Семинарот беше наменет за продолжување на постоечките лиценци како и за нови тренери и судии кои сакаат да се стекнат со лиценца од Џудо федерацијата на Македонија.
Од џудо клубот „Гладијатор“ едукацијата ја поминаа Нина Ташкова и Марина Гоцевска кои се стекнаа со сертификат за џудо судии од трета категорија. Исто така на семинарот учествуваше и Драган Шеќеровски како претставник на кочанскиот џудо клуб.
„Овде сме за да го одржиме вториот судиски семинар кој ќе ги опфати измените на најновите правила од интернациолантата џудо федерација, а ќе ги разгледуваме и правилата одржани од страна на IGF во Доха, Катар. Истите правила веќе ги разгледавме, а ова е втор семинар на кој имаме презентација на истите правила и пормените кои се донесени во правилата, ќе има лиценцирање за постојаните судии како и полагање за нови.- изјави Златко Јолески – претседател на судиската комисија на Џудо федерацијата на Република Македонија.
Техничката организација на семинарот беше на највисоко ниво, при што присутните имаа одлично дружење и добра едукација со изведен практичен дел.
И.Матеничарски