Кочанските планинари во рекреативна акција за искачување на врвот Туртел

Планинарски спротскиот клуб „Осогово“ изминатиов период е активен преку организирање и учество на голем број планинарски маршеви и искачувања.

Добрите временски услови во месец септември, беа причина повеќе за љубителите на планинарењето да се вклучат во учество на разни планинарски активности на планинските врвови низ Македонија.

Кочанските планинари за в недела (20.09.2020) планирааат искачување на врвот Туртел, на планината Плачковица.  Патеката до врвот е кружна и во должина од 12 километри. Акцијата е рекреативна и лесна, па затоа не е потребна поголема физичка подготовка на учесниците. Воедно, ова ќе биде прва приправничка акција на Стојка Антова, единствениот женски планинарски водич во Источна Македонија.

Минатиот викенд, планинарите на ПСК„Осогово“ го искачија и врвот Пелистер на Баба планина, кој се наоѓа на надморска височина од 2601м.

Во текот на месец септември, во пресрет двата празника 7- ми Септември, Денот на ослободувањето на Кочани и 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија, планинари на ПСК„Осогово“ учествуваа во освојување на  врвовите Китка , Царев врв на Осоговските Планини, како и највисокиот врв во Македонија, Голем Кораб на истоимената планина.

И.Матеничарски

.

Сподели: