Кочанските пожарникари добија современа опрема за интервенции при сообраќајни несреќи со која дополнително ќе се зголеми квалитетот на интервенции во случај на несреќи во сообраќајот.
Опремата е донација од Дирекцијата за заштита и спасување наменета за Територијалната противпожарна единица-Кочани.
Дополнително кочанските пожарникари ќе добијат обука за правилно користење на спасувачката опрема.
Дирекцијата за заштита и спасување освен во Кочани, претходниот период донираше опрема и на други противпожарни единици во државата.