Кочанските пожарникари со тактичко-показна вежба ќе го одбележат 20 Мај, Денот на пожарникарите

По повод 20 Мај, Денот на пожарникарите, Територијалната противпожарна единица – Кочани ќе изведе тактичко-показна вежба во која ќе го користи специјалното возило за интервенции на големи височини.


Вежбата ќе се изведе в четврток од 8:30 до 9:30 ч., на станбената зграда од Трговскиот центар блок Б, на улицата „Маршал Тито“, кај малиот паркинг.
Заинтересираните граѓани можат да ја следат вежбата на кочанските пожарникари.

Сподели: