Кочанските полицајци даруваа крв

Полициската станица Кочани во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше третата и последна акција за доброволно дарување крв за оваа година. Во акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 21 лице, вработени во Полициската станица Кочани.

Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип, а на истата целосно беа почитувани протоколите за заштита од КОВИД-19.

Црвен крст Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции, во месеците март, јуни и ноемвири, наменети за вработените во кочанската полиција.

И. Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial