Денеска, на свеченост во Паркот на револуцијата во Кочани, првачињата од основните училишта од Кочани станаа членови на најмасовната меѓународна организација – Детската организација.

Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма, посакувајќи им добредојде во Детската организација, а најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Традиционално, приемот на децата во Детската организација се реализира првата седмица од октомври, која е прогласена и за Недела на детето во сите држави членки на ООН.
