Кочанските социјалисти денеска донираа комплет опрема за фудбалерите од младинските категории на ГФК „Осогово“ – Кочани.

Донацијата се состои од 20 комплета, дрес, шорцеви и штуцни. На стадионот „Никола Мантов“ опремата лично ја врачија претседателот на ОО на СПМ, Марјан Стоименов и подпретседател на ОО на СПМ Кочани, Љубчо Ѓорѓиевски на младите фудбалери на „Осогово“.

– Социјалистичката партија на Македонија согласно својата програма за спорт дава поддршка на младите и спорот, за што говори и денешната донација на опрема за младинските категории на „Осогово“. Продолжуваме и понатаму со поддршка на спортот и спортистите во Кочани, истакнаа од ОО на СПМ Кочани.

Меѓудругото за сениорската екипа како финансиска поддршка беа купени сезонски билети. Донацијата е обезбедена од сопствени средства, додадоа од ОО на СПМ Кочани.
И. Матеничарски
