Седуммината медицински сестри и техничари од кочанската Општа болница денес се вратија од двонеделната ротација на Инфективната клиника во Скопје.
Тие рамо до рамо со своите колеги од Скопје, изминативе две недели помагаа и пружеа помош на пациентите хоспитализирани на Инфективаната клиника во Скопје.
- Поминавме релативно добро. Со многу работа, труд и посветеност да помогнеме на пациентите, но и да се заштитиме самите од инфекцијата. Имавме одлична соработка со колегите од Скопје и рамо до рамо се боревме против опасната болест. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат превентивните мерки, бидејки само така можеме да го зачуваме нашето, но и здравјето на останатите, истакна Гоце Марков .
Тимот на здравствени работници од Кочани го сочинуваа Гоце Марков, Александра Кокева, Сузана Арсова, Јулија Коцева, Магда Алексовска, Јорданка Маневска и Димитар Лазаров.
Тие од понеделник продолжувааат со работа на одделенијата во Општата болница Кочани, а од денес, нови петтмина здравствени работници од Кочани во следните две недели ќе помагаат на Инфективната клиника во Скопје.
И.Матеничарски
Сподели: