Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип – Скопје, во близина на клучка „Коњари“, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(39) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.(60) од Кочани, додека другиот сопатник Г.Ј.(64) од Кочани се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.