Кочанци вечерва дишат „смрт“

Државната мерна станица во Кочани и оваа вечер покажува енормна загаденост на амбиенталниот воздух во градот.  Со дури три пати над дозволената граница на ПМ10 честички во воздухот, граѓаните на Кочани вечерва дефинитивно дишат „смрт“.

И покрај најавите на надлежните институции дека конечно, со засилени контроли  ќе се стави крај на загадувањето, ситуацијата со загадениот воздух во Кочани никако да се реши. По се изгледа профитот е  приоритет пред здравјето на граѓаните, а глумењето загриженост на надлежните е театар кој граѓаните на Кочани одамна го прочитаа.

Се поставува прашањето како е можно, покрај сите реакции, трибини, протести , поедини правни субјетки повторно да го заобиколат законот и да продолжат да ги трујат граѓаните ?  Ова е вистинската слика на  немоќта на институциите да се справат со проблем кој  од ден на ден, наместо да се реши, се зголемува.

Воздухот што го дишеме е заеднички. На граѓаните, политичарите, инспекторите, на сите нас. Да реагираме на време, додека не биде доцна !!!

И.Матеничарски

Сподели: