На 24.12.2020 во 18.00 часот во Полициската станица Кочани, Н.Г.(40) од Кочани, пријавил дека околу 15.00 часот вработен како градежен инспектор во Општина Кочани, при извршување на службени задачи – контрола на градба на градежен објект на ул. „Стамен Манов“ во Кочани, , од страна на сопственикот на градбата Б.Р.(36) бил спречен и му биле упатувани закани.
Б.Р. бил повикан во Полициската станица и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: Дневен билтен СВР Штип