Со ловечка пушка, 64 – годишен кочанчанец застрелал и усмртил куче, во дворно место на неговата викенд куќа.
Како што информираат од СВР – Штип „На 04.01.2022, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Ј.М.(64) од Кочани бидејќи околу 12.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа на место викано „Копачите“, атар на Кочани, со ловечка пушка усмртил куче.
Ловечката пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм била одземена, а увид извршила екипа од ОВР Кочани во присуство на ветеринарен лекар. По документирање на случајот против Ј.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.