Кочанчани во Паркот на револуцијата ја дочекаа Новата 2024 година

Со македонски репертоар песни испеани од естрадните музички ѕвезди Андријана Јаневска и Бојана Скендеровски кочанчани заеднички во Паркот на револуцијата ја испратија старата 2023 и ја дочекаа Новата 2024 година.

Паркот  беше претесен да ги прими сите граѓани од најразлични генерации кои и годинава најлудата ноќ во годината решија да ја поминат под отворено небо на организиран дочек.

Со чаша греано вино, чај во рака и топли закуски околу новогодишната елка, кочанчани точно на полноќ си посакаа здравје, среќа и бериќет во Новата година.

Новогодишниот огномет точно на полноќ го осветли небото над Кочани и дополнително ја подгреа новогодишната атмосфера во центарот на градот.

Дочекот на Новата 2024 година се организираше со поддршка на Локалната самоуправа на Кочани, Пролет бар, локални стопанственици и сите учесници на Новогодишно – божиќниот базар.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: