На организиран дочек, во Паркот на револуцијата кочанчани ја испратија старата и ја дочекаа Новата 2025 година.

Со чаша греано вино и чај во рака со музичка програма и настап на eстрадната музичка ѕвезда, Наташа Малинкова, Habana Brezze Bend и сетови на DJ Sandex.

Паркот беше претесен да ги прими сите граѓани од најразлични генерации кои и годинава најлудата ноќ во годината решија да ја поминат под отворено небо на организиран дочек. Кочанчани на полноќ си поскаа здравје, среќа и успех во Новата 2025 година.

Новогодишниот огномет точно на полноќ го осветли небото над Кочани и дополнително ја подгреа новогодишната атмосфера во центарот на градот.

Дочекот на Новата 2025 година се организираше со поддршка на Локалната самоуправа на Кочани, Пролет бар, локални стопанственици и сите учесници на Новогодишно – божиќниот базар.
И. Матеничарски
Фото А. Арсов

