Кочанчани спремни за дочекот на Новата 2024 година

Топлото и пријатно време во предновогодишно Кочани натера голем број сограѓани од градот и околината да го посетат Божиќниот базар што се организира во Градскиот парк во Кочани.

Празничната програма надополнета со целодневни културно-уметнички настапи на ДЈ, бендови и музички концерти за сите вкусови секојдневно го полни платото во Градскиот парк. Чаша греано вино, чај, закуска  и пријатното време се доволни граѓаните да уживаат во новогодишната атмосфера на празничната програма.

Покрај секојдневните музички настапи и Божиќниот базар, утре, 31 декември со почеток 21 ч. со настап на естрадните музички ѕвезди Бојана Скендеровски и Андријана Јаневска кочанчани заеднички во Градскиот парк ќе ја дочекаат Новата 2024 година.

На програмата за последниот ден од 2023 год. предвидена е и денска забава со ДЈ Дадо.

И. Матеничарски

Сподели: