Кошаркарите на „Баскет Дино“ одиграа хуманитарен натпревар во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

Сениорите и младинците на Кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“ – Кочани вчера го одиграа хуманитарниот натпревар „40 дена тишина – Кочани се обединува во чест на загинатите во дискотеката Пулс“.

Во чест на загинатите 62 млади лица и во спомен на нивните починати клубски колеги, Петар Ивановски и Александар Карадакоски на паркетот во преполната Спортска сала”Сашо Лазарев -Чапо” во Кочани се одигра меч полн со емоции и спомени.

Натпреварот започна со едноминутен молк за сите настрадани. На полувремето почит оддадоа и познати кошаркарски имиња од најдобрите времиња на кочанската кошарка.

Натпреварот немаше натпреварувачки карактер, собраните средства од продадените карти ќе бидат наменети за фамилиите на настраданите во кочанската трагедија, додадоа организаторите.

Организатор на натпреварот беше КК „Баскет Дино“ –Кочани.

Фото: „Луна“

Сподели: