Кошаркарот Дино Лазарев најдобар стрелец на подготвителните натпревари против кадетите на Србија

Машката кошаркарска репрезентација до 16 години викендов во Белград одигра двата подготвителни натпревари против репрезентацијата на Србија  во пресрет на Европското кошаркарско првенство за кадети што ќе започне на 12 август во Скопје.

Кочанчанецот и репрезентативец до 16  години Дино Лазарев прикажа одлична игра и на дветте подготвителни средби. Лазарев беше единствениот играч од репрезентацијата со двоцифрен број на поени. На вториот подготвителен меч тој реализираше 14.поени (4/9 во шутот за три), а Марјановиќ, Јаничиќ и Младеновски реализираа по девет. Добар настап Лазаров прикажа и на првата првата контролна средба кога ги погоди сите четири обиди за три поени, и заврши со вкупно 16.поени.

Контролните натпервари се одиграа на 22 и 23 јули во Белград против кадетската кошаркарска репрезентација на Србија.

Македонските кошаркари иако прикажаа добра и цврста игра ги загубија и двете контролни среби и тоа со резултати 89:81 и 77:64.

„На втората контролна средба кадетската селекција на Србија имаше минимално водство во првите десет минути (15:14). Но затоа „орлите“ скоро перфектно ја одиграа втората во која реализираа дури 30.поени, ние само 13, за убедливи (45:27) на големиот одмор.

По нерешените (14:14) во третиот период од проверката во Белград, нашите кадети одиграа најдобро во последната. Ја решија во своја корист со (23:18), што беше доволно да го ублажиме високото водство на противникот – истакнаа од Кошаркарската репрезентација на Македонија У16.

И. Матеничарски

Сподели: