Кошаркарската федерација на Македонија спроведе показен тренинг за ученичките од ООУ  „Никола Карев“ – Кочани

Во рамки на проектот „Нејзин свет, нејзини правила“ што се реализира под покровителство на Интернационалната кошаркарска федерација „ФИБА“ и поддршка на Кошаркарската федерација на Македонија, денеска во салата на ОУ „Никола Карев“ се оддржа показен кошаркарски тренинг во кошарказа девојчиња ученички во кочанското основно училиште.

Реализатори на кошаркарскиот тренинг беа претставници од кошаркарската федерација на Македонија, Саша Димитријевиќ и репрезентативката Елена Тасевска. Преку тренингот учениците се запознаа со основите на кошаркарската игра и нејзина промоција што воедно е и цел на проектот. Домаќини на настанот беа професорите по физчко образование Станкица Атанасова и Ивица Цимбаљевиќ.

Во рамки на проектот, училиштето домаќин на тренинг сесијата доби нови кошаркарски топки, а учениците спортски дресови.

Сподели: