„Крапски турнир“ на езерото Гратче

Викендов на езерото Гратче во Кочани се одржа овогодинешното издание на „Крапскиот турнир“ во организација на СРЗЕК „Кочански рибар“.

На турнирот учествуваа 14 екипи од Македонија, а најуспешна од нив, екипата на „Фемили“ со улов од 227 килограми, односно 68 единки крап, победи и постави нов рекорд на уловена риба на езерото „Гратче“.

Второпласирана е екипата на „Кочански рибар 2“ со уловени 30 крапа со вкупна тежина од 99,060 килограм, а третото место и припадна на екипата „Кочански рибар 1“ со уловени 10 крапа и вкупна тежина од 41,180 килограм.

Посебно признание добие екипата на „Кочански рибар 1“ за уловена најголема риба со тежина од 8,400 килограми.

Учесниците на турнирот на езерото Гратче престојуваа три дена (24,25 и 26 јули), со вкупно 50 часа активен лов.

Сподели: