Краткотрајното невреме предизвика проблеми во Кочани

Краткотрајното невреме проследено со пороен дожд, ветар и грмежи предизвика проблеми низ кочанските сообраќајници.

Силниот ветар искорна дрво на ул. „Никола Карев” каде од падот оштетени се кабли од бандера на телекомуникациски оператор што го отежнуваше сообраќајот кон Основниот суд.

Паднати дрвја има и на ул. „Скопска“ и „Тодосија Паунов“ на излезот на Кочани кај СОУ „Гошо Викентиев“, над Градскиот базент, Индустрискиот дел и кај Облешево.

Граѓани известуваат и за оштетена бандера во населбата Бејрут.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на коловозите и тротоарите како последица од краткотрајното невреме. Екипи на телекомуникациските оператори работат на санирање на штетите и оспособување на мрежата.

И. Матеничарски
Фото: А. Арсов

Сподели: