Во просториите на Будо центарот во Битола вчера се одржа полагање за лиценци за нови тренери и за мајсторски црн појас од 1 –ви и 2-ри Дан.
На полагањето учествуваа шест претставници од Клубот за реално аикидо „Нико“ – Кочани.
Оливер Серафимов и Љупка Јорданова успешно го поминаа полагањето и се здобија со лиценца за тренери по реално аикидо и мајсторски црн појас од 1 – ви Дан.
Со мајсторски црн појас 2 – ри Дан се стекнаа и Станче Минов, Кирил Јованов и Кирил Апостолов, сите од КРА „Нико“ – Кочани.
Полагањето за лиценци се одржа под покровителстрво на Аикидо федерацијата на Македонија реално аикидо, а во техничка организација на Аикидо клубот „Пелистер“ од Битола.
Комисијата ја сочинуваа Ана Врачаревиќ аикидо мајстор 9 Дан – претставник на WCRA (Светскиот центар за реално аикидо), Ѓуро Илиќ – 8 Дан и Дејан Чавкоски 5 Дан.