Крвава физичка пресметка кај социјалните згради во Драчевик

Крвава физичка пресметка се случила вчера кај социјалните згради во населбата Драчевик во Кочани при што две лица се здобиле со повреди.

Како што информираат од полицијата „На 30.04.2021 во 17.00 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу повеќе лица.

Според пријавеното, Д.Ј. по вербална расправија со И.В., почнал да се заканува со употреба на остар предмет, со кој го повредил на раката Ј.И, кој се обидел да му го одземе.

Како што стои во пријавата, потоа двајцата синови на И.В. физички го нападнале Д.Ј., по што И.В. и Д.Ј. биле пренесени во Општата болница Кочани каде им биле констатирани повреди.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Сподели: