Одделението за внатрешни работи – Кочани во соработка со Црвен крст – Кочани денеска ја реализираа втората крводарителска акција во календарската година наменета за вработените во кочанската полиција.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/06/351103912_988478402153866_9114737852602936738_n-1024x681.jpg)
На акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 19 лица, вработени во Полициската станица – Кочани.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/06/350244242_272045148536518_7858216629014783833_n-1024x681.jpg)
– Крводарителската акција е втора што се реализира согласно годишниот план за крводарителски акции во Одделението за внатрешни работи – Кочани. Сакам да изразам благодарност до колегите кои преку крводарувањето изразуваат солидарност, хуманост и придонесуваат за задоволување на крвните потреби во државата., истакна Сашка Стојанова, координатор за крводарителски акции во ОВР – Кочани.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/06/354060708_1429675007798689_7910813001030965896_n-1024x681.jpg)
Акцијата се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Црвен крст Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции, во месеците март, јуни и ноемвири, наменети за вработените во кочанската полиција.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2023/06/354040817_277143764703272_7327985517259754167_n-1024x681.jpg)