Крводарителска акција во ОВР – Кочани, собрани 30 крвни единици

Одделението за внатрешни работи – Кочани во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше втората акција за доброволно дарување крв за оваа година.

Во акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 30 лица, вработени во Полициската станица Кочани.

– Изразувам благодарност до сите вработени во Одделението за внатрешни работи – Кочани кои денеска даруваа крв. Чинот на крводарување во овие моменти е хуман гест, а воедно ги повикувам колегите и во иднина масовно да учествуваат и да даруваат – истакна Сашка Стојанова, координатор за крводарителски акции во ОВР – Кочани. 

Црвен крст – Кочани и ОВР – Кочани во текот на календарската година спроведуваат три крводарителски акции.

Акцијата се спроведе во соработка со Општинската организација на Црвен крст Кочани и екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Сподели: