Крводарителска акција на членовите на ОФС-Кочани

Под мотото „Спаси живот, дарувај крв“ членовите на Општинскиот фудбалски сојуз -Кочани даруваа 15 крвни единици ,  на крводарителската акција што се одржа денес, по иницијатива на претседателот на ОФС- Кочани Љубчо Горгиевски.

На акцијата учествуваа членови и чинители на ОФС-Кочани, како претседатели на фудбалски клубови, судии, контролори, тренери, како и членови на Управниот одбор на ОФС -Кочани. Меѓу нив, крв даруваа  претставници од  ФК „Слога 1934“ Виница, ФК „Каменица Саса“, ФК „Олимпик“ Кочани, ФК “Зрновка“ Зрновци, ФК „Соколи“ Соколарци и ОФК „Малеш“ Берово.

Од оправдани причини на акцијата не присуствуваа претставници од ФК„Брегалница“ Делчево кои својата поддршка ја дадоа со учество на крводарителската акција што денес се одржува во Делчево, како и  претседателите на ЖФК„ Саса“ М.Каменица и ГФК„ Осогово“ од Кочани.

Претседателот на ОФС -Кочани, Љубчо Горгиевски неизмерно им се заблагодари на сите кои зедоа учество на крводарителската акција , а благодарност упати и до останатите кои од оправдани причини беа спречени да учествуваат.

Акцијата се спроведе со поддршка на персоналот од Службата за трансфузиона медицина Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: