Вработените во „Руен Инокс Автомобиле“ денеска даруваа 27 крвни единици на крводарителската акција што се реализира по повод десетгодишнината од основањето на компанијата „Руен Инокс Автомобиле“ во Кочани.
Од компанијата истакнаа дека низ историјата „Руен“ важеше за компанија преку која од крводарителски акции се обезбедуваа поголеми количини на крвни резерви за локално и државно ниво. Поради тоа, компанијата ја продолжува традицијата на дарување на крв од своите вработени при што, во текот на календарската година реализираат една до две крводарителски акции.
Повод за денешната крводарителска акција е и јубилејот од десет години од обновата и постоење на „Руен Инокс Автомобиле“
Акцијата се спроведе во соработка со општинскиот Црвен крст и екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани.
Крводарителската акција во „Руен Инокс Аутомобиле“ е пример за општествено и одговорно однесување кон заедницата, а од Црвен крст апелираа да го следат и останатите компании и институции во Кочани.
И. Матеничарски