Група млади активисти во текот на викендот спроведоа Креативна акција за актуелизирање на локалниот проблем со коj се соочуваат граѓаните на општина Кочани – загадувањето предизвикано од градската депонија над селото Бели.
Жителите на Кочани со години и децении на своја кожа ги чуствуваат последиците од серизоното загадување на воздухот како реазултат на палењето на депонијата која се наоѓа во близина на селото Бели во „Заштитеното подрачје Осоговски планини“.
За време на летниот период граѓаните особено се подложни на труење како резултат на глобалното затоплување и човечката негрижа, што негативно се одразува врз здравјето на луѓето, на здравјето на децата, а дополнително се одразува на животната средина.
И покрај многубројните алармирања од страна на екологистите и граѓаните, решение за проблемот не е пронајдено. Оттука, младинските активисти и екологистите ги повикуваат локалните власти сериозно да го сфатат проблемот со аерозагадувањето и во најскоро време да се пронајде начи за правилно управување со отпадот, дислоцирање на сегашната депонија се до почнување со работа на предвидената регионална депонија во селото Мечкуевци, Свети Николе.
Младите алармираат и бараат итно решение. На ред се надлежните институции да превземат инцијатива и да покажат дека се грижат за своите грѓани и животната средина.
Акцијата е спроведена во рамки на проектот „Видливи, здружениа и гласни – Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ во рамки на програмата Civica Mobilatis.