„Креативни вибрации“ – нов Еразмус + проект на гимназијата „Љупчо Сантов“

Во СОУ „Љупчо Сантов“ започнаа активностите во рамки на проектот „Креативни вибрации“ на Еразмус + програмата.

Кочанската гимназија во следните седум дена е домаќин на ученици и наставници од училишта од пет држави учеснички во проектот кој има за цел развивање на иновативни методи и техники кај учениците за избор на нивните идни професии.

-Проектот „Креативни вибрации“ е  заедничка активност на нашите ученици и ученици од Полска, Шпанија, Романија, Португалија,Италија. Тие преку креативни моменти тре а да изнајдат решавање на проблеми од секојдневнието. Проектот е замислен како активност кадр учениците ќе се стекнат со знаења, вештини и техники  за да ја одберат својата идна професија и да решаваат проблеми од секојдневното живеење, рече Игор Христов, директор на „Љупчо Сантов“.

Проектот  има за цел да покаже како да се испланира и да се изгради патека за кариера, кои елементи треба да се земат предвид, кои клучни компетенции треба да се развиваат и како да се исполнат барањата на пазарот на трудот во иднина.

Првата мобилност на ученици и професори се реализира во Кочани, а во рамки на проeктот, предвидено е ученици од кочанската гимназија да учествуваат на размена во училишта во државите партнери на проектот.

Сподели: