1 Април, Меѓународниот ден на шегата беше причина денеска учениците во основни и средни училишта во Кочани и дечињата од ДГ „Павлина Велјанова“ со ритмички точки и под маски да го одбележат Денот на шегата.
Поради тоа што и годинава изостана организирањето на централна манифестација во Градскиот парк, училиштата организираа свои посебни приредби во рамки на своите институции.
На манифестаците низ училиштата, како и секоја година, умешноста во маскирањето проследена со многу музика, игра, шеги и смеа ја прикажаа учениците и дечињата од детската градинка во Кочани помогнати од нивните наставници и воспитувачи.
На априлијадата можеа да се забележат најразлични маски кои децата ги изработиле со помош на нивните родители, а имаше и дечиња кои на изрботката на нивните маски посветиле и неколку дена.