Кривична за две лица од Кочани кои организирале прослави пред куќа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против две лица од Кочани, кои на јавен простор пред куќата организирале прослава.

Пријавата е поднесена поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Од МВР информираат дека на 25/26 ноември на улицата „Стамен Манов“, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: