Кривична за кочанец кој во време на пандемија прославувал свршувачка во двор

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(37) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

МВР денеска соопшти дека на 17.10.2020 пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.

Извор: Дневен билтен МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial