Кривична пријава за жител на Кочани за непочитување на мерката самоизолација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Д.(28) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено во член 206 став 1 од КЗ. Пријавениот, на 18.03.2020 година, го напуштил домот во Кочани, каде што бил во самоизолација поради епидемија, иако претходниот ден на 17.03.2020 година, при враќање од земја определена како средноризична за корона вирусот Kовид-19 од СЗO, своерачно потполнил и потпишал Изјава за самоизолација во траење од 14 денови во неговиот дом. Со напуштањето на домот и самоизолацијата, кој бил должен да ги извршува, пријавениот не постапил според посебните мерки за заштита на населението од заразни болести и определените мерки за сузбивање и спречување на заразната болест, односно не постапил согласно мерките и препораките на Владата на РСМ.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: