Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот на 15.02.2019 на И.Т. од Кочани му продал марихуана, по што, на 16.02.2019 полициски службеници извршиле претрес во патничко возило и во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана.
Извор: Дневен билтен МВР