СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Пријавениот како осуденик во КПД-Штип, во текот на јануари 2019 од непознато лице набавил марихуана, ја препакувал во помали најлонски паковки.
На 07.05.2019 во затвореното одделение на КПД-Штип при претрес од страна на затворските чувари кај него биле пронајдени и одземени три најлонски паковки со марихуана.
Извор: Дневен билтен МВР