Кривична пријава за лицата кои нападнаа полицајци на Градскиот пазар во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Б.(31), Р.А.(44) и С.А.(31), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 12.11.2020 околу 11.00 часот, на Градскиот пазар во Кочани,пријавените физички нападнале полициски службеници, кои извршувале работи од јавната безбедност.

Извор: Дневен билтен на СВР Штип

Сподели: