Кривична пријава за лице од Кочани кое лажело дека е позитивно на КОВИД-19

Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против С.А.С (23) од Кочани кoja на 31. март на социјалната мрежа Фејсбук проширило лажна вест дека е позитивнa на коронавирусот.

По добиеното известување, полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија, поднеле пријава.

Воедно Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните.

Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Оттаму додаваат дека нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести.

Сподели: