Кривична пријава против четири лица за разбојништво

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(19), М.А.(20), С.М.(30) и С.Р.(17), сите од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 24.07.2020 во Кочани, на ул.,,С.Стојменов“, пријавените насилно влегле во продавница, физички го нападнале сопственикот Д.И. и одзеле пари.

Извор: Дневен билтен на МВР

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial