Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.Ј.(61) од с.Чешиново и Д.А.(36) од с.Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавените, во текот на 2019 од „Фејсбук“ профилот на С.Ј., во јавноста ширеле фотографии и статуси со кои се промовирала или поттикнувала омраза и насилство.
Извор: Дневен билтен МВР