Кривична пријава за 36 – годишен кочанчанец за насилство и напад на службено лице

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.М.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 20.08.2022 околу 01.00 часот на бензинска пумпа во Кочани, пријавениот физички нападнал три лица, а по пристигнување на полициските службеници физички нападнал и еден од нив.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Сподели: