Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.А.(55) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот, на 04.04.2022 се заканувал на социјален работник на неговото работно место во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Кочани.