Почитувани сограѓани и почитувани претставници на медиумите, јас сум Венко Крстевски носител на единствената независна листа на советници во Кочани.
Изминатите четири години имавте прилика да видите поинакво ниво на политичка култура. Дајте ни поддршка на овие локални избори за да бидеме уште побројни, да го подигнеме тоа ниво и да покажеме дека Кочани има перспектива. Ние ќе го контролираме советот, а нас ќе не контролираат граѓаните.
Оваа прилика ја користам да ги повикам носителите на советнички листи од другите партии да искочат на дебата во деновите што преостануваат од кампањата, бидејќи само преку дебата граѓаните ќе можат да видат кој има реални и остварливи проекти и кој се залага за општествен, а кој за личен интерес.
Група избирачи носител Венко Крстевски со број 116