Крстевски на Прес – Поднесувам кривична пријава против угостителите, многу институции се уште не постапуваат соодветно на нивните надлежности

Интегрален текст од прес-конференцијата на в.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски:

Почитувани,

Поминаа три месеци од огромната трагедија којашто се случи во Кочани. Таа трагедија се случи во угостителски објект кој што работи надвор од сите законски прописи и стандарди. Во таа трагедија починаа 62 млади лица, а повеќе од 200 се повредени.

Се уште во Кочани имаме угоститески објекти кои работат надвор од законските прописи и стандарди. Трагедијата што се случи во Кочани е плод на институционални пропусти и корупција којашто се случувала низ годините. Жал ми е што многу угостители се уште не се освестуваат, меѓутоа жалам што и многу институции се уште не постапуваат соодветно согласно нивните надлежности.

Сакам да ја известам јавноста дека поднесувам кривична пријава против угостители за узурпација и безправна градба. Исто така приликата ја користам да прашам повеќе инстититуции, како што е Државен пазарен инспекторат, како е можно да се толерира работа во дивоградби? Дали има контроли и што значат тие контроли од ДПИ? Зошто се дозволува работа во тие дивоградби?

Сакам да прашам до Агенција за храна и ветеринарство како е возможно да се добие ХАСАП дозвола за угостителски објект што служи храна доколку кујната е дивоградба? Како се добива ХАСАП дозвола доколку во кујната постојат броила кои се во непосредна близина до фритезата?

Исто така сакам да прашам како е возможно да има приклучок за струја во тие угостителски објекти. Познато ни е дека на 30.12.2016 година имаше несреќен случај каде беше спречен пожар заради преоптеретеност на електричната мрежа. Исто така сакам да прашам како е можно да се прават елаборати кои несоодествуваат со реалната слика, нешто со примерот на „Пулс“.

https://www.facebook.com/glasno.mk/videos/1241771221004629/?locale=mk_MK

Даден е налог, на инспекторката за животна средина да ги провери сите елаборати на сите угостителски објкети дали соодејствуаат со нивната реална слика.

Со жалење можам да констатирам дека угостителите кои работат незаконски и нерегуларно поважен им е личниот профит отколку безбедноста и здравјето на граѓаните. Загрозени се жителите на тоа подрачје и посетителите на нивните објекти.

Јас како градоначалник тоа нема да го толерирам, бидејки ова е најтешкиот период од поновата историја на Кочани и не смееме да замижеме послем огромната несреќа и да дозволиме се уште институциите да не функционираат. Затоа јас поднесувам кривична пријава против угостители и се надевам на брза и ефикасна реакција од Обвинителството за да не ни се случи „Пулс“ 2.

Прес-конференција на в.д градоначалникот на Кочани, Вено Крстевски

Сподели: