Kако одговорно лице за работењето на вашето друштво Вие секако немате време да ги следите сите измени во даночната сфера.
Затоа дозволете да Ви помогнеме. Бидете дел од нашата мејл листа и добивајте ажурни и навремени известувања за важните законски измени во даночната сфера!
Ние може да ви понудиме советодавни услуги, пресметки и поднесоци на извештаи поврзани со:
– Данокот на додадена вредност (ДДВ)
– Данокот на личен доход (ДЛД) и
– Данокот на добивка (ДД)
Данокот на додадена вредност (ДДВ)
Едно од најважните прашања при основањето на трговско друштво е дали уште од почетокот истото да се регистрира за целите на ДДВ или не?
Ова прашање го дискутираме во детали со клиентите кои регистрираат фирми кај нас.
Понатаму, во работењето секое правно лице, во зависност од дејноста која истот ја обавува, може да се соочи со низа ситуации поврзани со разни аспекти од Законот за ДДВ кои мора правилно да бидат истретирани и за кои мора правилно да се планира, како на пример:
– Дали постои или не право на одбивка на претходен ДДВ (член 33 до 35 од ЗДДВ)
– Дали се врши промет ослободен од ДДВ со право на одбивка (член 24 од ЗДДВ)
– Дали се врши промет ослободен од ДДВ без право на одбивка (член 23 од ЗДДВ)
– Оцена на место на промет кај услугите дадени за странски лица (член 14 од ЗДДВ)
– Дали да се употреби механизмот за reverse charge (член 32-а од ЗДДВ)
– Оцена на исполнетоста на условите за промена на даночна основа (член 22 од ЗДДВ)
– Утврдување на даночната основа (член 16 до 21 од ЗДДВ) итн.
Со почит,
Култ Консалтинг ДОО
+38970801014 / +38971246570