Врз основа на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, а согласно донесените Одлуките за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија (“Службен весник на Република Северна Мaкедонија“ бр. 188/22 и 212/22), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 октомври 2022 година, донесе Одлуки за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, за следните категории на потрошувачи, и тоа:
I КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност-главна приходна шифра (само за потрошувачката на броилата за електрична енергија за извршување на приоритетната дејност) – по цена од 80 евра /MWh, и тоа:
• 47 oдгледување на живина
• 11 преработка и конзервирање на месо
• 12 преработка и конзервирање на живинско месо
• 13 производство на животинско и живинско месо
• 41 производство на масла и масти
• 51 преработка на млеко и производство на млечни производи
• 61 производство на мелнички производи
• 71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и
• 89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец)
II КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици- по цена од 95 евра /MWhво услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија
III КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, основни и средни јавни училишта – по цена од 95 евра /MWh
Склучените договори за снабдување со електрична енергија помеѓу потрошувачите и ЕСМ Продажба ДООЕЛ, Скопје се со траење за временскиот период додека трае кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија, односно до 30.04.2023 година, во кој период потрошувачите ги ставаат во мирување договорите за снабдување со електрична енергија, за кои ЕСМ Продажба не превзема никаква одговорност.
Горенаведените потрошувачи на електрична енергија може да склучат Договор за снабдување со електрична енергија со избор на еден од следните датуми како почеток на период на снабдување:
• 12.2022 година,
• 01.2023 година,
• 02.2023 година,
• 03.2023 година,
• 04.2023 година
Заинтересираните потрошувачи на електрична енергија за да почнат да се снабдуваат со електрична енергија од први во наредниот месец, потребно е најдоцна до 10(десети) во тековниот месец да го достават до ЕСМ Продажба ДООЕЛ потпишаниот договор со потребната документација, и тоа електронски на е-мејл адреса која се однесува на категоријата потрошувач и истата документација во два примерока да се достави по пошта или лично на адреса 11 Октомври бр. 9, 1000 Скопје.
За датум на доставување ќе се смета датумот кога комплетната документација е доставена по електронски пат.