Купете карта и симболично поддржете ја реализацијата на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија

Почитувани пријатели, новонастанатите правила на однесување во исто време ги срушија и нашите можности за целосно и успешно организирање на настаните и тековото работење на фестивалот во текот на целата година. Билетите што ги предвидовме за оваа година ќе останат нереализирани, а со тоа и приходите на фестивалот се драстично намалени. Билети, како симбол/спомен за овој 57 фестивал по ред сепак ќе пуштиме во продажба и тоа по симболична цена од 50 мкд. Билетот има симболична намена и нема да се користи при влез. Доколку сакате да го подржите фестивалот во овие тешки услови за работа, купете билет како сувенир по цена од 50 денари, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за организациски решенија околу фестивалот.

Како што најавивме, оваа година влезот за настаните „на отворено“ е слободен, но останува да се придржуваме кон препораките за заштита на здравјето на секој поединец. Ве замолуваме за разбирање, бројот на места за седење е мошне намаленво однос на претходните години, затоа заеднички да направиме пријатна атмосфера за непречено и безбедно следење на претставите.

Билетите/сувенири можете да ги набавите во Кафе Станица.
Викај ура!!!

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial