Граѓани на Кочани пријавиле дека биле каснати од куче скитник на различни локации во градот.
Според пријавеното, на 04.12.2023 во 11.10 часот во ОВР Кочани Л.П.(58) од Кочани пријавила дека на 27.11.2023 околу 10.00 часот на ул.,,Славчо Стојменов“ во Кочани била касната од куче скитник. Истиот ден, во 11.30 часот во ОВР Кочани Б.Ѓ. пријавила дека на 29.11.2023 околу 09.05 часот на ул.,,Скопска“ во Кочани била касната од куче скитник.
Граѓаните на социјалните мрежи претходно реагираа на зголемен број на кучиња скитници кои напаѓаат луѓе во Кочани. Поради тоа КЈП „Водовод“ изврши акција за заловување на бездомни кучиња во градот.