До интернет-порталот „Гласно“ пристигна допис од граѓанин преку кој се реагира дека поради пукање на оштетено доводно црево од водоводната мрежа, под вода постојано е дворот и куќата на ул. „Поп Аросов Блаже“ во Кочани.
– Станува збор за доводно црево од 20-тина метри кое не е променето повеќе од 40 години. Цело време пука и потребно е да се замени. Од КЈП „Водовод“ доаѓаат и само го наддаваат и по некој ден повторно пука. Водата се излива по улицата, по дворот и во мојата куќа. Поради тоа на првиот спрат веќе ѕидовите се распаѓаат од влага. И покрај пријавите „Водовод“ не сакаат да го заменат цревото, под образложение дека имаат недостаток на вработени. Уништен ми е дворот, куќата и цело време се тече вода.Поради слаб доток на вода воопшто немаме ни притисок во чешмите. Сега температурите се ниски па постои можност и од подмрзнување од излеаната вода, стои во писмената реакција испратена до интернет-порталот „Гласно“.
Побараа КЈП „Водовод“ да им излезе во пресрет и да им го санира дефектот на доводното црево. Спремни се да го санираат и сами, но поради тоа што просторот каде минува цревото е државна сопственост добиле забрана дека немаат право сами да го поправат.