КЈП„Водовод“ интервенираше во уредување на висината на дрвјата на улицата „Борис Трајковски“

Комуналните служби од Општина Кочани и КЈП „Водовод“ денеска интервенираа на уредување на висината на дрвјата на улицата „Борис Трајковски“.

По барање на граѓаните што живеат на оваа улица,  искастрени се липи чија висина достигнала и до 14 метри, поради што ја загрозувале безбедноста на објектите и луѓето во нивната непосредна близина.

Екипи на „Водовод“ со механизација на „Електрика“, во координација со ЕВН-Македонија, овозможија дрвјата да бидат доведени до соодветна височина што нема да претставува опасност за околината.

Сподели: