Екипа на секцијата Паркови и зеленило при Комуналното претпријатие „Водовод“ го обнови зеленилото во Трговскиот центар, кое поради сушниот период и ненавременото наводнување беше уништено.
Засадени се нови декоративни зимзелени садници, на местото на претходните кои се отстранети од зелените парцели во Трговскиот центар.
Во функција е ставен и системот за наводнување преку кој во утринските и вечерните часови се врши наводнување на површини во Трговскиот центар кое ќе придонесе за нивно повторно озеленување.
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов