КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните и до јавноста, да се однесуваат одговорно и совесно со поставената урбана опрема за комунална хигиена и правилно да го одлагаат отпадот во поставените канти и контејнери за таа намена.
Екипите на сектор Комунална хигиена во текот изминатата седмица вршеа редовни активности за расчистување и санација на повеќе диви депонии во централното градско подрачје но и во населените места. При тоа се забележани неколку случаи на неодговорно и несовесно однесување од страна на поединци со поставената урбана опрема за собирање на комунален отпад.
Во конкретниот случај станува збор за фрлен сад (контејнер) за собирање на комунален отпад на Осоговските планини. Контејнерот е фрлен во провалија по завршувањето на пистата на аеродромот на Осоговските планини.
КЈП „Водовод“ – Кочани